Девојчето што падна во водите на Вардар најдено удавено

Тричасовната потрага по девојче кое синоќа падна во водите на Вардар во Гостивар, заврши со трагичен епилог. Телото било најдено од жители на селото Балиндол, околу 22 часот, кои и го пријавиле случајот во полиција.



Од СВР Тетово, информираа дека полициски служебници кои дошле на местото, го извлекле од водата, а лекар од брзата помош констатирал смрт.

Според првичните информации се работи за 17 годишно девојче од гостиварското село Здуње. Тоа паднало во водите на Вардар, околу 19 часот во близина на гостиварската болница откако претходно се обидувало да се одбрани од куче бездомник. Бранејќи се, стигнало до самиот брег на кејот и изгубило рамнотежа и паднало во водите на Вардар.

Сведоци на трагедијата биле минувачи кои повикале помош, по што беше организирана потрага, но и покрај вложените напори не е спасено.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...