Собранието не му го одзеде мандатот на Никола Груевски

Собранието на Република Македонија денеска не му го одзеде мандатот на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. „За“ предлогот на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања за одземање на имунитетот гласаа 58 пратеници, а 27 беа против.



Собраниската Комисија со мнозинство гласови во средата го препорача да му се одземе пратеничкиот мандат на Груевски заради издржување на двегодишната затворска казна за набавката на луксузниот мерцедес во предметот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство.

Барањето за одземање на мандатот на Груевски е според членот 59 од Деловникот на Собранието на РМ. Со него се предвидува за пратеникот осуден за кривично или друго казниво дело што го прави недостоен за вршење на пратеничката функција, известување до претседателот на Собранието да достави судот кој ја изрекол казната.

Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ вчера требаше да се јави на издржување на затворската казна. Но, тој и неговите адвокати поднесоа жалби против решението на судијата за извршување санкции кој постапува по предметот. Од судот информираат дека од денеска тече рокот од три дена во кои Кривичниот совет треба да донесе одлука по жалбите.

Пред почетокот на денешната седница, парламентарното мнозинство не го прифати барањето на координаторот на пратеничката група на ВМРО- ДПМНЕ Никола Мицевски дел од дневниот ред да биде нивниот Предлог законот за амнестија на лицата обвинети, осомничени и осудени за собраниските настани од 27 април. Мицевски рече дека дел од дневниот ред станале шест-седум закони по скратена постапката за кои не биле информирани, а не се става на седница законот што го предлагаат. Со поддршката за законот, како што рече, ќе покаже дека намерата е навистина да се работи во насока на помирување, а се друго, како што рече би било политиканство.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...