Мијалков не знае каде е Груевски

Поранешниот директор на УБК и доскорешен висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Мијалков, пред малку на влегување во Кривичниот суд во Скопје изјави дека не знае каде во моментов се наоѓа неговиот братучед и поранешен премиер Никола Груевски, по кого од синоќа со потерница трага полицијата.



-Не знам, кусо одговори Мијалков на влегување во зградата на Кривичниот суд, запрашан од новинарите за тоа дали знае каде е неговиот братучед.

На Мијалков денеска му се суди на ново рочиште за предметот на СЈО „Титаник 2“.

Поранешниот премиер веќе неколку дена е недостапен за органите на прогонот, кои го бараат за спроведување во затвор за издржување на казната од две години затвор, што ја доби за случајот „Тенк“. Откако во петокот не се појави во затворот „Шутка“, а истото се случи и вчера, синоќа МВР издаде потерница по него и почна да го бара, прво во неговиот дом, а потоа и кај седиштето на неговата партија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...