Стефановска: Јанакиески и Божиновски се подготвувале да избегаат како Груевски

Притворот за обвинетите во предметот „Титаник“ Миле Јанакиески и Кирил Божиновски е побаран затоа што во текот на вчерашниот ден Специјалното јавно обвинителство (СЈО) добило информации дека тие се подготвуваат да избегаат на ист начин како и поранешниот премиер Никола Груевски, појасни пред судот обвинителката на СЈО Лиле Стефанова на почетокот на денешното рочиште за „Титаник“.



-Во текот на вчерашниот ден добивме информации дека не само што Груевски се дал во бегство, туку дека на ист начин се подготвуваат да избегаат и Јанакиески и Божиновски, наведе Стефанова.

Таа побара од судот на Груевски, кој е исто така е еден од обвинетите во овој предмет, да му се суди во отсуство

На поранешниот министер за транспорт и врски Јанакиески и на поранешниот генерален секретар на Владата Божиновски, им е определен притвор од 30 дена. Тие ноќеска беа спроведени во Истражниот затвор „Скопје“ во Шутка.

Јанакиески и Божиновски се обвинети во неколку предмети на СЈО за кои се водат судски постапки.

Нивното приведување следува по бегството на поранешниот премиер Никола Груевски во Унгарија каде што побара политички азил. Груевски во петокот требаше да се јави на издржување на двегодишната затворска казан за случајот „Тенк“. По него е распишана меѓународна потерница.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...