Бошњаковски: Деновиве ќе биде доставено барањето за екстрадиција на Груевски

До унгарското Министерство за правда деновиве ќе биде доставено барањето со целокупната документација за екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски, изјави денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски.



На прес-конференција во Владата, Бошњаковски рече дека се работи за обемна документација од околу 400 страници која ќе биде соодветно преведена и доставена до унгарските надлежни власти.

– Министерството за правда од надлежните судови ја собира севкупната документација во однос на случајот. Таа ќе биде преведена и доставена до унгарските надлежни органи односно до Министерството за правда на Унгарија. Во документацијата меѓудругото ќе има и образложение зошто Никола Груевски треба да биде екстрадиран во Македонија. Се работи за обемна документација околу 400 страници, но без разлика на бројот на страниците, барањето ќе биде официјално доставено до Унгарија во текот на овие денови, рече Бошњаковски.

Паралелно со ова, се спроведуваат и две постапки во МВР со цел да се утврди начинот на којшто Груевски побегнал од Македонија. Одделот на внатрешна контрола спроведува постапка за можна инволвираност на полициски службеници дека му помогнале, а дополнително Секторот за внатрешни работи Скопје го утврдува начинот на бегство, како и евентуално надворешни лица кои му помогнале.

– По завршување на овие две постапки, МВР ќе излезе во јавност со целосна слика како се организирало бегството на Груевски, истакна Бошњаковски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...