Привидната уставна ревизија го прави уште попроблематичен и онака штетниот Договор од Преспа

Одговорниот за надворешна политика во најголемата грчка опозициска партија Нова демократија, Јоргос Кумуцакос во интервју за грчката новинска агенција АНА-МПА уште еднаш го повторува ставот на партијата дека Договорот од Преспа е штетен и не им служи на грчките национални интереси, а „уставните измени го прават уште попроблематичен“ и додава дека се потребни долгорочни решение „што ќе ги издржат балканските ветрови“, јави дописничката на МИА од Атина.

– Ние постојано истакнувавме дека сакаме решение на ова прашање. Но, не било какво решение. Историјата има покажано, особено на Балканот, дека лошите решенија се краткотрајни, а на крај проблемите се враќаат како кошмари. Потребни се решенија што ќе ги издржат балканските ветрови. Договорот од Преспа не е такво решение. Го карактеризиравме како штетен, не од опозициско расположение, туку затоа што навистина е. Ова веќе се покажа од наводната и привидна ревизија на Уставот во Скопје, што, на крај, го прави уште попроблематичен и онака штетниот договор. Договорот од Преспа не им служи на националните интереси и затоа не го затвора фронтот, вели одговорниот за надворешна политика во Неа демократија.

Кумуцакос потенцира дека Грција треба да разговара исцрпно и енергично за сериозните прашања од надворешната политика, но без да доведе до поделби, бидејќи „поделбите водат до национални порази“. Воедно, упатува критики до владејачката СИРИЗА во однос на тоа како ги водела преговорите за името, но и за постапките по договорот.

– Начинот на управување на владата, пред, за време и по оформувањето на штетниот Договор од Преспа, беше многу лош. Поделија, наместо да обединат. Исклучија, наместо да вклучат. Свесно ги држеа во мрак политичките сили и стигнаа до ниво дури и да ги обвинуваат граѓаните за нивната национална чувствителност, вели Кумуцакос и додава дека грчката влада „има огромна историска одговорност за лошиот резултат од преговорите и за тешката атмосфера што преовладува“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува човек во кафана и прашува:
- Кој е овде посилен од мене?
Стануваат тројца батки:
- Ние сме!
- Е па, дојдете да го бутнеме југово.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните...
Верски календар
На денешен ден
1519.- Роден е францускиот крал Анри Втори, татко...
1563.- Со мировен договор во Амбоаза заврши...
1628.- Англичаните во Америка ја основаа...
1629.- Роден е рускиот цар Алексеј Михајлович...