И НАТО бара помирувањето да не го поткопа владеењето на правото

Националниот координатор за НАТО, Стево Пендаровски, при посетата на седиштето на НАТО вчера се сретна со претставници на земјите членки на кои им ја презентираше програмата за продолжување на реформите.



По “успешното завршување“ на пристапните преговори за НАТО во октомври, Македонија мора да продолжи со реформи сѐ до пристапувањето во Алијансата, објасни Пендаровски по средбата “29 + 1„ одржана вчера во седиштето на НАТО во Брисел, на ниво на заменици на шефови на мисии со македонската делегација.

Во име на Македонија, националниот координатор ги презентирал плановите за реформи што треба да се спроведуваат во текот на целата 2019, но и по зачленувањето во Алијансата.

-Бевме задолжени да направиме “мини МАП“. Има два процеса: едниот се пристапните разговори кои завршија во октомври, и сега програма за продолжување на реформи. Кажавме што ќе правиме во сите области, во воена област, во администрација, безбедносни и разузнавачки служби, владеењето на правото, судски реформи, вели Пендаровски.

Македонија презентирала програма од околу педесет страници, по што земјите членки поставувале прашања.

-Највеќе се интересираат како ќе оди процесот на имплементација на Преспанскиот Договор, дали ќе има двотретинско мнозинство на крајот на процесот, вели Пендаровски.

Но, земјите членки се интересирале и за процесот на помирување.

-Ги интересира што е со процесот на помирување. Сега пратениците имаат триесет дена, имаат време да поднесат предлози, дали политички, дали законски. Ќе видиме што ќе биде. Но, она што го кажаа е дека е многу важно тоа помирување да не го поткопа владеењето на правото, пренесува националниот координатор.

Очекувано, земјите членки се интересирале и за таканаречените “малигни надворешни влијанија“.

Македонската страна ги уверила сојузниците дека земјата е посветена на стратешката цел на зачленување во Алијансата, но дека “малигни надворешни влијанија“ се забележуваат, посебно пред и за време на клучни процеси, како на пример околу 27 април, но и за време на референдумската кампања.

-Има траги на хибридни закани, преку лажни вести, објаснил Пендаровски.

Според него, интензитетот на тие влијанија е најголем до самото пристапување во Алијансата, по што значајно се намалува, слично на она што се случуваше во Црна Гора.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...