ИЈЗ: Регистрирани 90 заболени од грип

Од 26 ноември до 2 декември во Република Македонија се регистрирани 90 заболени од грип, што е зголемување за 21,6 отсто споредено со предминатата недела, се наведува во извештајот што на својата веб страница го објави Институтот за јавно здравје.



Најголем број заболени, 63 се пријавени во најголемата возрасната група од 15-64 години, додека највисока инциденца од 12,1 на 100.000 жители е регистрирана кај најмалите, децата на возраст до четири години.

Оваа недела пријавени се заболени лица од 16 извештајни единици, а во три извештајни единици бројот на пријавени заболени лица е над 10. Најголем број заболени, 18, се пријавени од подрачјето на Центарот за јавно здравје Струмица, додека највисока инциденца од 62,5 на 100.000 жители е регистрирана на територија на Подрачната единица Македонски Брод.

Во 15 извештајни единици се регистрира многу ниска активност на вирусот на грип, а само во една (ПЕ Македонски Брод) се регистрира сезонска активност.

Споредено со истиот период од минатата сезона (646), постои намалување на вкупниот број на пријавени случаи за 32,8 отсто, а во однос на моделот за последните осум сезони се регистрира намалување од 32,7 отсто.

Во текот на 48-мата недела од 2018, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ пристигнати се девет материјали за тестирање на грип. Тестираните материјали се негативни на присуство на вирусот на инфлуенца.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Како се вика мобилен на турски:
- Муабет кутија јок гајтан.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Национален празник на Република Етиопија
1485.- Родена е шпанската принцеза Катарина...
1678.- Умре англискиот економист Вилијам V,...
1770. - Во Бон е роден, Лудвиг Ван Бетовен,...