Димитров: Најголемата штета од нерешавањето на спорот со Грција е врз нас

Кој ја трпи најголемата штета од нерешавањето на спорот со Грција? Ниту САД, ниту Русија, ниту Европа, ниту Германија, ниту, пак, Грција. Штетата е врз нас, истакна министерот за надворешни работи Никола Димитров на денешната трета јавна дебата за четирите нацрт-амандмани на Уставот во согласност со Договорот од Преспа што се одржува во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).



Димитров посочи дека ние не сме членки на НАТО, многу често пред нас стои ПЈРМ, никаде не стои македонски јазик… Ние имаме најголем интерес да се заврши ова прашање, истакна тој пред академиците.

Со решавање на ова прашање, рече тој, “сакаме да го затвориме поглавјето на идентитетските прашања, НАТО и ЕУ”.

– Тоа се трите цели кои сакаме да ги постигнеме, рече Димитров.

Посочи на одредени предлози кои би можеле да станат дел од уставните измени и за кои би сакал да слушне мислење на дебатата.

Академикот Таки Фити кажа дека договорот ги зајакнува и зацврстува идентитетските прашања и оти со него се решава едно историско прашање. Треба да се земат предвид, според него сите придобивки од ова решение и овој спор, посочувајќи на евроинтеграциите, но и на економските бенефити.

Повтори дел од веќе изнесените заклучоци од неодамнешната научна дебата во Академијата меѓу кои и дека ќе треба да се изнајде решение за имињата на некои од институциите. Фити, сепак, рече и дека во МАНУ нема едногласие по овие прашања, но и дека тоа е легитимно и кредибилно доколку се понуди алтернативно решение.

Вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи рече дека Преспанскиот договор е историски договор постигнат во, како што кажа, една историска година за нас и дека тој ќе тргне еден голем камен што се провлекуваше со години. Укажа на позитивните аспекти од влезот во НАТО и ЕУ, но и на ризиците. Младите нема да останат тука доколку не можат да ја планираат иднината, рече тој посочувајќи притоа и на безбедносните но и економските ризици.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...