Одбиена жалбата на Атанасовски за притворот од 30 дена

Кривичниот совет ја одби жалбата на поранешниот директор на УБК Владимир Атанасовски за одредување на мерката притвор во траење од 30 дена, информираат од Основниот суд Скопје 1.

-Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по жалба на одбраната на обвинетиот В.А. изјавена против решение на судија на претходна постапка со кое се прифати предлогот на Основното јавно обвинителство за определување мерка притвор, денеска одржа седница на која по ценење на наводите во жалбата како и фактите и доказите во предлогот донесе решение со кое ја одби жалбата и го потврди решението на судија на

претходна постапка, соопшти Кривичниот суд.

Атанасовски се товари за кривичното дело „здружување заради непријателска дејност“. Притворот од 30 дена на 5 декември му го одреди судија на претходна постапка поради инволвираност во настаните од 27 април минатата година во Собранието на Република Македонија. Притворот е побаран поради опасност од бегство, влијание врз сведоци и опасност од повторување на кривичното дело.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува човек во кафана и прашува:
- Кој е овде посилен од мене?
Стануваат тројца батки:
- Ние сме!
- Е па, дојдете да го бутнеме југово.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Роден е францускиот крал Анри Втори, татко...
1563.- Со мировен договор во Амбоаза заврши...
1628.- Англичаните во Америка ја основаа...
1629.- Роден е рускиот цар Алексеј Михајлович...