Помпео: Приемот на Македонија во НАТО ќе го намали руското влијание во регионот

Влезот на Македонија во НАТО ќе ја засили способноста на балканските земји да се спротивстават на „недобронамерните активности“ на Русија во регионот, изјавил државниот секретар на САД Мајк Помпео по средбата со алтернативниот министер за надворешни работи на Грција Јоргос Катругалос.



Тој нагласил дека САД го поддржуваат историскиот Преспански договор и верува дека грчкото раководство ќе успее да го спроведе, со оценка дека договорот ќе ја зајакне грчката позиција на Балканот и ќе го намали руското влијание во регионот. Истакнал дека треба да се поздрави и поддржи заложбата на премиерот Алексис Ципрас за решавање на долгогодишниот спор.

-Во јуни беше потпишан договорот кој ќе има позитивно економско влијание и ќе и помогне на Грција да стане „Врата на Балканот. Тој договор ќе му помогне на вашиот сосед да се присоедини кон НАТО и ЕУ како Република Северна Македонија, како и да го зајакне Балканот против штетното руско влијание, вели Помпео.

Катругалос, пак, ја повторил решеноста на Владата на Ципрас да го спроведе Договорот од Преспа, кој како што вели, ќе има обострана корист за Атина и Скопје, како и да продолжи во решавањето и на другите отворени регионални проблеми.

Помпео и Катругалос се согласиле дека Вашингтон и Атина ќе продолжат да работат заедно за промовирање стабилност и просперитет на Балканот и во источниот Медитеран.

Помпео ја истакнал важноста на Грција како столб на стабилноста во регионот и го поздравил грчкиот придонес како сојузник во НАТО.

Јоргос Катругалос е во Вашингтон по повод одржувањето на стратешкиот дијалог меѓу САД и Грција. Двете страни, меѓу другото, ги разгледале тековните инвестиции во инфраструктурни проекти во Западен Балкан, но се разговарало и за континуираните предизвици со бегалците и имигрантите во Европа, при што САД истакнале дека продолжуваат да пружаат поддршка околу тоа.

Алтернативниот министер за надворешни работи на Грција вчера во Њујорк имаше средба со посредникот на ОН во разговорите за името, Метју Нимиц на која беше поздравена заложбата на Атина и Скопје за успешно комплетирање на Договорот од Преспа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...