Истекува рокот за регистрација на системот за електронска даночна пријава

Истекува крајниот рок до кој граѓаните треба да се регистрираат на системот за електронска даночна пријава во Управата за јавни приходи. Граѓани кои досега го немаат сторено тоа, може да го направат уште денеска.

Канцелариите на УЈП, како што информираат оттаму, ќе бидат отворени и денес од 07:30 до 16:30 часот. За поголема достапност на граѓаните, УЈП имаше отворено и канцеларии во општините Аеродром, Ѓорче Петров, Гази Баба и Кисела Вода кои работеа до петокот, додека даночниот шалтер во општина Чаир ќе работи денеска и ќе врши прием на барањата.

Во електронскиот систем треба да се регистрираат сите физички лица кои имаа остварено приход како плата, регрес за годишен одмор, приходи од закуп, од добивки од игри на среќа, од странство и други приходи кои подлежат на оданочување со персоналниот данок на доход, заради прием на пополнетата Годишна даночна пријава (ПДД-ГДП) од УЈП, како и заради потврдување или коригирање на податоците за приходите и платениот персонален данок. Немаат обврска да се регистрираат пензионерите кои примаат само пензија.

Со предвидената реформа од 1 јануари 2019 година, Управата за јавни приходи ќе биде сервис на граѓаните и ќе изготвува пополнета Годишна даночна пријава за сите граѓани – физички лица кои оствариле приходи во текот на 2018 година и истата ќе ја доставува до граѓаните за потврдување или коригирање.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...