Заев за Танјуг: Очекувам многу брзо да нема граници меѓу земјите од регионот

Премиерот Зоран Заев во изјава за белградски Танјуг тврди дека со вчерашната изјава дека не гледа ништо спорно во предлогот на албанскиот премиер Еди Рама за отворање на границите со Македонија, Црна Гора и Грција, всушност мислел на отворање на сите граници. Тоа впрочем Заев го кажа и на вчерашната прес-конференција во Министерството за финансии кога забележа „ако е до мене јас би ги отворил сите граници“.

На конкретно прашање на Танјуг, доколку го поддржува предлогот на Рама што предвидува отворање на границите меѓу Албанија, Црна Гора, Косово и Грција зошто тогаш не го споменал и отворањето на границите со Србија и Бугарија, македонскиот премиер кажа дека „следејќи го примерот на ЕУ, како земји кандидати за зачленување, треба да креираме услови за институционална поврзаност и меѓусебна доверба“.

Движејќи се во правец кон евроатлантските интегративни процеси, очекуваме, кажа тој за Танјуг, да нема граници меѓу земјите од регионот.

-Еден од примерите е тоа што се прави на граничниот премин Табановце со Србија. „One-stop-shop“ со поддршка на Светската банка, што може да послужи како пример во иднина со Албанија, но и со другите соседи, рече Заев.

Македонскиот премиер смета дека државите од регионот многу брзо ќе ги достигнат стандардите „како и сите модерни западноевропски држави“, со граници отворени за сите граѓани.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...