Костадинов: СДСМ и Беса на Касами постигнаа договор

Постигнат е договор со крилото на Беса на Биљал Касами, информира денеска на прес-конференција во Собранието портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.



На прашањето да каже за што конкретно се договориле, Костадинов рече дека подоцна ќе се излезе со заедничко соопштение.

Во врска со тоа дали е обезбедно двотретинско мнозинство за последната фаза од уставните измени Костадинов нагласи дека се вложуваат сите напори и оти се оптимисти дека потребното мнозинство до чинот на гласањето ќе биде обезбедно.

Истакна дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со избегнување на целиот овој процес, вклучувајќи го и избегнувањето на дебата во Собранието за уставните измени кои произлегуваат од Договорот од Преспа всушност го прави најголемото предавство на државните и националните интереси.

-Граѓаните сакаат иднина, напредок и просперитет, граѓаните на Македонија ја сакаат земјата во ЕУ и НАТО, враќање назад во изолација, црнила и темно минато нема да има. Продолжуваме со сите напори да ја обезбедиме иднината за граѓаните во Македонија. Таа ќе биде членка на ЕУ и НАТО, но секогаш ќе останат запаметени Мицкоски, Груевски, Бачев, Иванов како некои кои ја попречувале иднината и работеле против интеграциите, рече Костадинов.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...