Минусни температури во цела држава, утре повторно снег

Минус 18 степени се измерени изутрина во Тетово, што е најниска температура во целата држава, по што следат со минус 15 Битола и Дебар, Струмица и Маврово со минус 14, Крушево и Берово со минус 13, Штип и Скопје Петровец со минус 11.

Минус 10 степени се измерени во Охрид, Демир Капија и Крива Паланка, а минус девет во Скопје на Зајчев Рид, Претор и Пожаране, минус пет во Куманово, минус четири во Дојран, минус два во Гевгелија, покажува извештајот на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Најмногу снег има во Маврови Анови, со снежна покривка од 81 сантиметар, Пожаране 45 сантиметри, Дебар и Лазарополе со 44, а 39 сантиметри во Крушево и на Попова Шапка.

Според УХМР, во претпладневните часови преовладува сончево време со мала до умерена облачност. По одделни котлини ќе се задржи магливо и значително постудено. Преку денот облачноста ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе достигне од -4 до 3 степени.

Во Скопје сончево со умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Попладне облачноста ќе се зголеми. Максималната температура ќе биде околу 1 степен. Утре во текот на денот ќе има нови врнежи од снег со слаб до умерен интензитет. Поизразени ќе бидат на повисоките места и на планините. Потоа ќе преовладува променливо време со сончеви периоди и со услови за слаб локален снег.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...