Џафери: Можен е импичмент за Иванов

Претседателот на Собранието на Македонија Талат Џафери денеска на прес конференција информира дека вчера ги потпишал указите и до Службен весник ги доставил законите за употреба на јазиците и за ратификација на Договорот од Преспа. Двата закона веќе се објавени од Службен весник со што стапуваат во сила.



Заедно со указите, до Службен весник доставил и дополнително објаснување на причините зошто се потпишан само од него, а не и од претседателот Ѓорге Иванова.

Според Џафери, претседателот Иванов со непотпишувањето на двата закона не ги исполнил неговите обврски кои произлегуваат од Уставот и направил злоупотреба на службената должност.

– Јас не чувствувам никаква одговорност за тоа што сум презел како претседател на Собранието. Јас му дадов доволно време за двата указа, за првиот за законот за јазици имаше една година, а за другиот шест месеци. Јас го презедов тоа што е во мојата институционална надлежност и не сметам дека сум прекршил нешто, рече Џафери.

За обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека со тоа сторил кривично дело што не застарува и го прекршил Уставот, и најавата и од Иванов дека ќе бара кривична одговорност, Џафери вели дека претседателот на државата „ги помешал лонците“ и оти се е направено според одредбите од собранискиот Деловник. Џафери најави дека е можно да биде побарана одговорност од претседателот Иванов.

– Иванов не е тој што ќе покрене постапка против законодаваната власт, туку таа е која ќе побара одговорност од него. Не кажав дека ќе побарам импичмент, но надлежноста на законодавната власт е да побара одговорност од претседателот. Тоа е надлежност на пратениците и тие можат да поведат импичмент за претседателот, истакна Џафери.

Во однос на тоа кога називите ќе се сменат, согласно Законот за употреба на јазиците, тој рече дека во законот многу прецизно е укажано и даден е рок од шест месеци за извршување на тие измени.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...