Џафери во 17:30 часот ќе ги распише претседателските избори

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, согласно законските обврски, попладне во 17:30 часот ќе го потпише решението за распишување на претседателските избори, соопштија од неговиот кабинет.



Првиот круг од претседателските избори треба да се одржи на 21 април, а вториот круг на 5 мај.

Согласно Изборниот законик, не треба да поминат повеќе од 90 и не помалку од 70 дена од распишување на изборите до денот на нивно одржување. Мандатот на актуелниот претседател Ѓорѓе Иванов завршува на 12 мај.

Политичките партии досега немаат објавено кандидати за претстојните претседателски избори. Двете најголеми партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ своите кандидати решија да ги избираат преку јавен оглас.

Од СДСМ се уште немаат соопштено дали се пристигнати кандидатури. Генералниот секретар Александар Кирацовски денеска потврди дека процесот е во тек и оти на партиски конгрес на 3 март ќе биде официјалниот избор на кандидатот.

На огласот, пак, на ВМРО-ДПМНЕ пристигнале 10 кандидатури од кои една по истекот на рокот, по што партијата ги објави имињата на кандидатите од кои на конвенција на 16 февруари ќе изберат еден кој ќе влезе во трката за шеф на државата.

Од ДУИ иако велат дека имаат официјален став дека на изборите може да настапат со свој кандидат, сепак, оставаат можност пред истекот на рокот за поднесување на кандидатурите да постигнат и друго решение. ДУИ, вели пратеникот Џевад Адеми, е комотен има и кандидати и квалитети и опции. И некои од помалите политички партии најавија дека на изборите ќе одат со свои кандидати



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...