Османи: Ќе имаме слободни, фер и веродостојни претседателски избори

Досегашната демонстрирана неутралност и придонесот што Мисијата на ОБСЕ во земјата го даде во надминувањето на бројните предизвици изминатиов период, особено во делот на изборните реформи, но и севкупно, во имплементацијата на принципот на владеење на правото, се од голема полза за Република Македонија, нагласи вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи на денешната средба со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс Која.



-Изборните реформи се едни од клучните предизвици за наредниот период, вклучувајќи ја тука и имплементацијата на сите претходни препораки на ОБСЕ/ОДИХР, особено во пресрет на претстојните претседателски избори, имајќи предвид дека наш приоритет се слободни, фер и веродостојни претседателски избори, нагласи Османи, посочувајќи и на останатите реформи што ѝ претстојат на земјата во пресрет на новиот извештај на Европската комисија во април.

Од прес-службата на СЕП соопштуваат дека во оваа насока Османи изрази задоволство од изгласувањето на новиот Закон за спречување на корупцијата и судир на интереси што ќе придонесе во постигнувањето на поефикасна превенција и борба против корупцијата, a истовремено изрази задоволство што со истиот се зајакнува и ефикасноста и независноста на Државната комисија за спречување на корупцијата, чиј нов состав ќе треба да го мониторира и изборниот процес во делот на финансирањето на политичките партии за време на претстојните претседателски избори.

Соговорниците се осврнаа и на поддршката и помошта што Мисијата на ОБСЕ во Скопје ја обезбедува за Република Македонија во насока на исполнување на реформите и во останатите области како што се судството, медиумите, граѓанскиот сектори итн.

На средбата станало збор, исто така, и за актуелните предизвици: за имплементација на Планот 18, подготовката на придонесот на земјава кон извештајот на Европската Комисија, како и за сите останати активности поврзани со конечното остварување на стратешките цели на Република Макеоднија членството во ЕУ и НАТО.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...