Костов: Во ГОБ „8 Септември“ има доволно количини крв од сите групи

Во Градската општа болница „8 Септември“ во моментот има доволно количини крв од сите групи за потребите за повредените пациенти во вчерашната сообраќајна несреќа на автопатот Скопје – Тетово, изјави за МИА директорот на таа јавна здравствена установа, Христијан Костов.



Тој посочи дека Одделот за трансфузиологија е во контакт со Институтот за трансфузиона медицина.

– Има беспрекорна комуникација и доколку има недостиг од некоја од ретките крвни групи Одделот и Институтот контактираат и има размена доколку има потреба. Меѓутоа, во моментов нема вака нешто алармантно, неопходно за некој пациент да има крвозагуба и да му недостига крв. Има крв од сите крвни групи во болницата. Има апел, многу луѓе доаѓаат да даруваат крв. Сега нашиот капацитет е ограничен. Можеме да прифатиме дел од тие луѓе кои доаѓаат своеволно, тоа е добра акција. Меѓутоа, во ист момент сите не можеме да ги опслужиме. Во Одделот се договорија секој ден на по неколку луѓе да им се дозволи да даруваат крв. Нема алармантна состојба за некој пациент што крвари, рече д-р Костов.

Во врска со здравствената состојба на повредените во ГОБ, Костов информира дека четворицата пациенти кои се во критична состојба и се во Одделот за интензивна нега во ГОБ се ставени на апарат за механичка вентилација и се под 24-часовен лекарски надзор.

– Во текот на утрешниот ден ќе се оперираат две млади жени со повреди на ‘рбет и карлица. Не се многу итни тие интервенции, бидејќи немаат нервни испади. Тие се во стабилна состојба, значи не се во Одделот за интензивно лекување. За нив се планирани операции, треба да се санираат скршениците, за да може да почне процесот на рехабилитација. Тие се во траума одделот, додаде д-р Костов.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...