Сопственикот на Дурмо Турс: Можна причина за несреќата е дека возачот на кратко изгубил свест

Сопственикот на компанијата Дурмо Турс, Дурмиш Белули се огласи во јавноста два дена по несреќата и изрази жалење и сочувство со семејствата на настраданите и повредените. Тој во изјава за ТВ 24 Вести кажа дека во автобусот, во критичниот момент имало 50 патници од кои 14 загинаа, а 36 се повредени.



Според него можна причина за несреќата е здравствен проблем на возачот кој критичниот ден го управувал автобусот. Тој потенцира дека возилото ги поминало техничките прегледи во технички сервис во кој тој има доминантна сопственост.

– Изразувам длабоко сочувство до семејствата на загинатите и на повредените да им посакам побрзо закрепнување. Чувствувам морална одговорност, бидејќи тие патници беа дел од нашите семејства. Со нас патувале со години и со сите се познаваме. Од трагедијата сме потресени и сме во длабок шок вели Дурмиш Белули, сопственикот на компанијата „ДУРМО- турс“. во изјавата за ТВ24 вести

За можните причини околу несреќата Белули, наведува дека одговорниот за возниот парк, непосредно по несреќата стапил во контакт со возачот и вели дека возачот во разговорот му рекол дека загубил контрола врз автобусот најверојатно поради здравствен проблем.

– На прашањето од одговорниот, дали станува збор за техничка причина, тој рекол негативно одговорил и дека возачот најверојатно имал здравствен проблем во тие моменти. До местото каде што се случило излетувањето немало траги на кочење ниту друга реакција на возачот, вели Белули

Возачот според Белули нема пречекорување на работното време и било согласно на нормите кои се пропишани.

Автобусот бил технички исправен и наведува дека и покрај тоа што е сопственик на сервисот за технички преглед, нагласува дека тоа се два различни субјекти и нема поврзаност со случајот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...