Заев: Дел од блиските на функционерите ќе се откажат од вработувањето во државните фирми

Дел од функционерите потврдуваат дека нивните блиски ќе се откажат во вработувањето во јавниот сектор заради тоа што гледаат алтернатива на државните институции, но редно е да ги оставиме тие сами да соопштат, бидејќи станува збор за личен чин. Верувам дека ќе имаме одлични примери на повлекување и на тој начин ќе ја покажеме нашата совесност кон останатите граѓани, најави денеска премиерот Зоран Заев.



Тој посочи дека сите граѓани се еднакви пред законот и пред институциите, но додаде дека пример треба да биде етичкото однесување на функционерите.

-Тоа е лош пример иако се работи за мала бројка, а токму функционерите треба да бидат добар пример како да се однесуваат граѓаните. Ако ние им наложиме нешто ќе потврдиме дека е тоа надвор од закон, етика или слично. Се работи за личен чин кој очекувам тие да го направат. Правиме детална анализа. Се работи за личен однос и лична одговорност на одредени поединци. Начинот на конкурирањето, фер и транспарентната правична постапка во делот на вработувањето е дел од анализа чии извештаи ги очекувам неделава. Кога ќе ги добијам веднаш јавно ќе ги соопштам сите информации, изјави Заев во одговор на прашање по презентацијата на Научно-технолошкиот парк во Скопје.

Сакам да им укажам на сите граѓани, како и на членовите на семејствата на функционерите, додаде, дека сите сме пример во државата.

-Ако сакаме да го потврдиме тоа што го зборуваме дека подобро платени места, подобра можност за напредување во кариерата и поголеми плати како растат со своите практични знаења има во приватниот сектор, тоа мора да го покажеме како пример. Имаме одлични дефицитарни профили кои можат да бидат и побогати и понапредни ако изберат да одат во приватните институции. Постојат алтернативи за еден геодет, архитект, информатичар, економист, правник или било кој млад човек можностите се огромни. Државата е тука да ги помогне сите млади луѓе и сите граѓани, потенцира Заев.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Зошто плавуша седи на радијатор?
- Го влажни воздухот!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. АМСМ информира дека автопатот Миладиновци – Штип, секција Миладиновци – Кадрифаково и Кадрифаково – Миладиновци не е...
Верски календар
На денешен ден
1827.- Во Виена умре Лудвиг ван Бетовен,...
1859.- Роден е англискиот писател Алфред Едвард...
1868.- Роден е Ахмет Фауд Паша, кој како Фауд...
1874.- Роден е американскиот писател Роберт Ли...