СЕММ: Осуда за односот на застапникот на 1ТВ Јовановски кон новинарката Јордановска

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) го осудува, како што соопшти, односот на застапникот на раководството на 1 ТВ Бојан Јовановски кон новинарката на Макфакс Мери Јордановска по повод нејзините критики за емисијата „Инсајдер“ емитувана на оваа телевизија.



– Таквите критики единствено може да се разберат како закани кон новинарката и нејзината критичка проценка за начинот на којшто работат други медиуми, нешто што како носител на професијата таа апсолутно смее да го прави и е дозволиво со Законот за медиуми. Ваквите притисоци врз новинарите, било директни или индиректни, сериозно може да влијаат врз начинот на којшто ја остваруваат својата дејност, изборот на сториите за кои што известуваат и начинот на којшто ќе обработуваат прашања од јавен интерес, наведува СЕММ.

Слободата на изразување, посочува Советот, подолго време била на удар на голем број моќници кои се обидувале да воспостават контрола врз работата на новинарите и медиумите. Притоа цензурата била и ќе остане непримерен облик на загрозување и ограничување на слободата на изразување во новинарската професија.

– Токму општествената положба на новинарската професија е индикатор за проценка на степенот на кој е загарантирана слободата на изразување, мислење, информирањето, критиката или воопшто постоење на слободен и демократски живот. Притисоците и заканите кон новинарите мора да се разгледаат и од аспект на фактот дека државата подолго време се соочува со пад на слободата на изразување во споредба со други региони во светот, како и во однос на препораките од релевантни домашни и меѓународни тела и организации дека сѐ уште треба да се работи во оваа сфера во потенцијалните земји – членки на ЕУ, укажува Советот за етика во медиумите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Три најголеми студентски лаги:
-утре почнувам да учам
-соблечи се, не ти правам ништо
-позајми ми 200 ден ти ги враќам во вторник
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1944.- Основана е Република Ирска, со што заврши...
1947.- Прогласена е независноста на Република...
1967.- Владата на НР Кина објави дека изврши...
1971.- САД и Јапонија потпишаа спогодба со која...