Заев: Села ја откажа средбата поради одземените надлежности на Таравари

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села во знак на револт од одземањето на ингеренциите во образованието на гостиварскиот градоначалник ја откажал денешната средба на која требаше да се разговара за обезбедување поддршка за консензуален кандидат за претседател на државата.

Заев остава простор за натамошна комуникација и како што вели, го разбира револтот, но законите мора да се спроведуваат.

– Се слушнав со господинот Зијадин Села. Во знак на револт поради одземани надлежности во образованието на градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари од страна на Министерството за образование тој ја откажа средбата. Се надевам, оставивме простор за комуникација заради тоа што тоа е вредно. Јас работам и со самото Министерство, законите мора да се спроведат секако, да ги гледаме позитивните основи на самите закони, изјави Заев одговарајќи на новинарски прашања, по пуштање во употреба на новата сала за јавни услуги од повеќе институции.

Вели дека како поранешен градоначалник е свесен што значи одземањето на надлежностите на која било општина без оглед дали е тоа Струга, Куманово, Гостивар.. и најави дека ќе се бара решение на заедничка средба со градоначалникот на Гостивар и министерот за образование.

– Преку општините децентрализираните надлежности треба да бидат поблиски до граѓаните, но секако и законот мора да се почитува. Кога ваквите аспекти ги има самиот ресорен министер на мене останува да работам како премиер и на заеднички состанок помеѓу градоначалник и министер да изнајдам решение, рече Заев посочувајќи дека Гостивар е еден од поголемите градови во државава и оти нема да се дозволи политички разлики да бидат пречка за развој на која било средина.

– Го сфаќам револтот, драго ми е што се слушнавме со Зијадин Села и веројатно ќе најдеме друг начин на комуникација која што ќе конвергира кон оваа важна одлука за државата. Останувам оптимист. Не можам да кажам дали сум сигурен заради тоа што допрва следуваат одлуки на органи и тела на политичките субјекти со кои се сретнав и со кои ќе се среќавам, изјави Заев, посочувајќи дека очекува позитивен поттик за целиот процес и на утрешната средба со Билал Касами од БЕСА.

Верувам, истакна Заев, дека уште еднаш ќе испратиме порака идниот претседател на државата да се однесува еднакво одговорен пред секој граѓанин.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...