Пендаровски заеднички кандидат за претседател поддржан од 31 партија

Стево Пендаровски е заедничкиот претседателски кандидат поддржан од триесетина партии предводени од СДСМ и владината коалиција. Натпартискиот кандидат Пендаровски поддршката ја доби синоќа на средбата со партиите од коалицијата предводена од СДСМ и владината коалиција и сите поддржувачи на концептот за заеднички кандидат за претседател на државата.



Одлуката за да биде конечна треба да биде верификувана од органите на одлучување на секоја од партиите и СДСМ тоа треба да го сторат на закажаниот за утре партиски конгрес во Скопје.

Премиерот Зоран Заев по средбата рече дека ова е историска одлука за Република Северна Македонија.

– Почитувани граѓани се обединивме повторно сите Македонци, Албанци, Срби, Турци, Власи, Роми, Бошњаци и сите други. Првпат во македонската историја различните застануваат зад еден кандидат. Застануваме сите позади Стево Пендаровски. Наптартиски, европски, граѓански, пријател и претседател на сите и за сите граѓани на Република Северна Македонија, изјави премиерот.

Посочи дека вечерва 31 политичка партија заедно се обединија и покажаа дека националните се над партиските интереси.

Алијансата за Албанците и БЕСА, претходно соопштија дека ќе ја поддржат номинацијата на амбасадорот и универзитетски професор Блерим Река. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја поддржа како свој официјални кандидати за претседател Гордана Силјановска Давкова.

Потписи за кандидатура собираат уште неколку претенденти за функцијата претседател на државата.

Првиот изборен круг за шестите претседателски избори е закажан за 21 април, а вториот ќе се одржи на 5 мај.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Две плавуши седат на концерт на пијано.
- Ова да не е Шопен?
- Не сум сигурна, чекај нека се сврти!

* * *
Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
Ден на солунските браќа Кирил и Методиј.
Православната црква во 11-от век, во чест на...
1543.- Во Фромборг, во Полска, умре Никола...
1905.- Роден е Михаил Шолохов, еден од...