Власта и опозицијата ги почнуваат разговорите за иднината на СЈО

Работните групи кои беа формирани според договорот од последната средба меѓу премиерот Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, денеска треба да се состанат во обид да се изнајде заедничко решение околу предлог законот за јавно обвинителство и идниот статус на СЈО.



Власта и опозицијата имаат спротивставените ставови особено во однос на иднината на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во СЈО.

Мицковски во повеќе наврати кажа дека Јанева за нив е неприфатлива и не може да остане на функцијата, додека Заев изјави дека специјалната јавна обвинителка и нејзиниот тим ја имаат неговата целосна поддршка.

Според најавите, работните групи на власта ќе ги предводат министерката за правда Рената Дескоска и нејзиниот заменик Оливер Ристовски, а на опозицијата адвокатот Тони Менкиновски.

Покрај Законот за јавно обвинителство, се очекува да се разговара и за другите реформски закони, меѓу кои и законите за Агенцијата за национална безбедност и за координација на безбедносно-разузнавачката заедница во Република Северна Македонија. За овие два закона денеска ќе се одржи јавна расправа во собраниската Комисија за одбрана и безбедност.

Владејачкото мнозинство очекува Законот за јавното обвинителство и законите за Агенцијата за национална безбедност и за координација на безбедносно-разузнавачката заедница да бидат донесени до крајот на март, односно пред почетокот на кампањата за претседателските избори. Според власта, тоа е и еден од условите за отворање на преговорите со ЕУ на почетокот на јуни.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...