Рускоска за МИА: Јакимовски осомничен за злоупотреба на службена положба и овластувања

Поранешниот градоначалник на Општина Карпош Стефчо Јакимовски е осомничен за легализација на државно земјиште што било откупено по драстично пониска цена, за МИА изјави шефицата на Обвинителството за организиран криминал Вилма Рускоска.



Според неа, станува збор за неколку пријави што се однесуваат на работа спротивна на Законот за јавни набавки, за легализација на времени објекти, што потоа бесправно биле градени, исто така, спротивно на законот.

-Станува збор за злоупотреба на службена положба и овластувања, став 5 во врска со член 45, бидејќи станува збор за продолжено кривично дело, изјави Рускоска.

Поранешниот градоначалник на Карпош утринава беше приведен и изведен пред судија на претходна постапка во Кривичниот суд во Скопје.

Со него се приведени уште две лица, вработени во Општина Карпош. Постапката е покрената од Основното јавно обвинителство, од каде се најави дека повеќе детали ќе бидат соопштени во текот на денот.

Во истрагата на ОЈО се опфатени уште пет лица. Според најавите оттаму, за тројцата приведени ќе биде побаран притвор, а за останатите мерки на претпазливост.

Јакимовски беше приведен и лани во август на барање на финансиската полиција поради сомненија за злоупотреба на службена должност во времето додека бил градоначалник на Карпош.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...