Димитров: Преспанскиот договор ги отстрани пречките со Грција и го отвори патот кон ЕУ

Преспа отстрани пречка во нашите односи со Грција, но истовремено изгради и мост кон ЕУ интеграцијата на нашата земја. Со Преспанскиот Договор постигнавме нешто што Шуман, еден од идејните татковци на Европската унија би го опишал како “де факто солидарност преку конкретни дела”.



Ова го истакна шефот на дипломатијата Никола Димитров на предавањето отворено за јавност, на тема „До Европа преку Преспа: Европската интеграција на Северна Македонија“ што го одржа вчера за време на еднодневната работна посета на покана на Универзитетот во Грац.

Како што соопшти МНР, Димитров зборуваше и за реформските чекори кои активно се преземаат на патот кон ЕУ интеграцијата.

За време на посетата на Универзитетот, министерот Димитров оствари средба и со ректорот на Универзитетот, Криста Нојпер. Тој одржа и неформална дискусија со академици и бизнисмени на која се осврна на реформските процеси, а особено на чекорите кои се преземаат во борбата против корупцијата.

На работната средба со државниот советник за економија, туризам, Европа, наука и истражување во локалната Влада на Штаерска, Барбара Ајбингер, беа разменети мислења за европската интеграција на земјата, како и можностите за реализирање конкретни проекти за продлабочување на целокупната соработка помеѓу регионот Штаерска и Република Северна Македонија. За време на престојот, во рамките на своите медиумски активности, Димитров даде интервјуа за австриските медиуми, Клајне Цајтунг и Профил, стои во соопштението од МНР.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...