Закони вратени од Иванов денеска на повторно гласање пред пратениците

Пратениците во Собранието денеска на пленарна седница треба по трет пат да изгласаат неколку закони што претходниот претседател на државата Ѓорге Иванов одби да ги потпише и ги врати во законодавниот дом.

Се очекува овие закони откако повторно ќе бидат изгласани во Парламентот со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, да бидат објавени во Службен весник.

Новиот претседател Стево Пендаровски најави дека една од првите обврски по преземањето на должноста ќе му биде да ги потпише законите кои неговиот претходник Иванов ги врати во Собранието.

На повторно, трето гласање, пред пратениците денеска се законите за Судскиот совет на Република Северна Македонија, за слободен пристап до информации од јавен карактер, за инспекциски надзор, за ратификација на Конвенцијата на Советот на Европа за кинематографска копродукција, за изменување и дополнување на Законот за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати, за изменување и дополнување на Законот за Црвениот крст, Законот за прекинување на бременоста и Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...