ЗНМ: Да се повлече обвинението против Кежаровски

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) денеска на прес-конференција побара од Основното јавно обвинителство да го повлече, а од Кривичниот суд да го отфрли обвинението против новинарот Томислав Кежаровски.

Претседателот на ЗНМ Младен Чадиковски соопшти дека утрово ја разгледале одлуката на Врховниот суд за предметот на Кежаровски и едногласно одлучиле дека ЗНМ до крај ќе инсистира на правичност на Судот и Обвинителството во постапувањето по овој случај се додека Кежаровски не биде ослободен од обвинението.

-Изминатите неколку години ЗНМ континуирано даваше поддршка на Кежаровски и тој став принципиелно ќе го браниме се додека не биде задоволена правдата. Затоа бараме ОЈО да го повлече обвинението против колегата Кежаровски, кој беше неправедно обвинет, а потоа и осуден. Со еден ваков потег ОЈО ќе покаже дека конечно одлучува независно и непристрасно во интерес на правдата, рече Чадиковски.

Со оглед на тоа дека Врховниот суд го врати предметот на повторно одлучување, ЗНМ го повикува и Кривичниот суд во Скопје да го отфрли обвинението и со тоа да покаже дека во државата слободата на говорот е загарантирана како основно човеково право.

Според Чадиковски, ова претставува одлична можност за ОЈО и Кривичниот суд да демонстрираат правичност и конечно, како што рече, да стават крај на еден долг и неправеден предмет што се води против новинарот и доскорешен заменик претседател на ЗНМ, Томислав Кежаровски.

Кежаровски беше обвинет за откривање идентитет на заштитен сведок, меѓутоа јавноста знае дека тој во своите написи не го откри идентитетот, а потоа во постапката се покажа дека заштитниот сведок бил лажен. Со ова, како што рече, Чадиковски е очигледно дека неговиот предмет беше монтиран со цел да биде згасната неговата критика.

Кежаровски изрази благодарност за досегашната поддршка што ја добивал од ЗНМ, од почнувањето на процесот па до денес.

-Со адвокатот Филип Медарски очекуваме во овој случај фер судење на кое ќе можеме докрај да ги истакнеме сите наши докази дека за тоа не го сторив делото за кое бев обвинет и осуден, посочи Кежаровски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...