Пендаровски: Не бараме незаслужена награда, туку заслужената шанса

Во јуни Европската Унија има историска можност да покаже лидерство и визија за иднината на нашиот регион со тоа што ќе и додели датум за преговори на Северна Македонија. Граѓаните на Северна Македонија не бараат незаслужена награда, туку заслужена шанса за изградба на европска држава со праведно, хумано и напредно општество, порача претседателот Стево Пендаровски на заедничката прес-конференција со претседателот на Европскиот совет Доналд Туск.

– Пред две недели го добивме најдобриот и нај позитивниот извештај на ЕК за нашата земја. Не само што добивме чиста препорака за почеток на преговорите туку бевме посочени како светол пример во Западен Балкан. Тоа го направивме со решавање на децениски прашања. Донесовме храбри одлуки за многу чувствителни прашања за нашите граѓани со цел да ја отстраниме најголемата пречка во процесот на зачленување и во ЕУ и во НАТО. Со договорот за добрососедство со Бугарија и со Спогодбата од Преспа се ослободивме од товарот во минатото. Северна Македонија е единствената земја во регионот која веќе нема отворени прашања со соседите. Покрај тоа испорачување реформи во многу клучни области и се усогласуваме со политиката на ЕУ. Свесни сме дека се потребни уште реформи и оти имаме слабости, ни претстои многу работа. Но морам да истакнам една реалност – ние сме најефикасни кога пред нас имаме задачи, а преговорите за членство се најдобрата реформска алатка, истакна Пендаровски.

Посочи дека членството во ЕУ и НАТО е стратешка определба на државата и на огромното мнозинство граѓани. Потсети и на улогата на земјата во справувањето со мигрантската криза во 2016, а со тоа и во зачувувањето на европската безбедност. – Со тоа покажавме дека сме цврсти европски партнери, рече Пендаровски на заедничката прес-конференција со Туск.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...