Шекеринска:Земјава за една година направи скок од 23 места во однос на стабилноста

Скопје, 18 јуни 2019 (МИА) – Земјава за само една година успеа да ја поправи својата стабилност на Глобалниот мировен индекс за 23 места. Ваквиот напредок во споредба со 2018-та, е резултат и на Преспанскиот договор, смета вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска.

Индексот кој ги рангира земјите од „најбезбедна“ до „најнебезбедна“, се пресметува врз основа на 23 фактори, меѓу кои и внатрешни и надворешни конфликти, воени трошоци, тероризам, убиства и криминал.

Земјава, според листата, е меѓу петте држави што го подобриле својот резултат. Направи скок за 23 места и го дели 65. место со Грција.

Како што соопшти Владата, овие резултати покажуваат дека Северна Македонија и нејзината посветеност на напорите за европско и евроатлантско интегрирање сериозно придонесува не само кон регионалната туку и глобалната безбедност, мир и стабилност.

-Анализата за стабилноста и мирот во сите земји во светот покажува дека Северна Македонија е во петте земји кои го подобриле својот резултат. За само една година сме успеале да ја поправиме својата стабилност на Глобалниот мировен индекс за 23 места. Без стабилност и мир нема економски напредок. Нашите граѓани го знаат значењето на стабилноста и мирот. НАТО е рецепт кој дава резултати – тоа го видовме оваа година и во делот на економијата, истакна синоќа Шекеринска, учествувајќи на жешкото столче во емисијата „Топ Тема“.

На листата се рангирани 163 држави и согласно истражувањето што го направи Австралискиот институт за економија и мир, во споредба со периодот од пред една деценија, светот во 2019-та е најбезбеден во последниве пет години. мч/скс/



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...