Османи: Почетокот на преговорите со ЕУ ќе ги зацврсти европските перспективи на Западниот Балкан

Скопје, 19 јуни 2019 (МИА) – Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи денеска се сретна со министерот за надворешни и европски работи на Република Словачка, Мирослав Лајчак, кој престојува во посета на земјава, информираат од СЕП.

-Интеграцијата на Северна Македонија, но и на земјите од регионот во ЕУ, претставува значаен елемент во изградбата на постабилна, побезбедна и попросперитетна Унија, и во оваа насока, почетокот на преговорите со Северна Македонија, претставува значаен израз на европските перспективи на целиот регион“, истакна Османи, изразувајќи притоа благодарност до министерот Лајчак за силната словачка поддршка за европската интеграција на земјава, особено од аспект на последната иницијатива на дел од земјите – членки, меѓу кои и Словачка, преку заедничка декларација јавно да ја демонстрираат поддршката за европските интеграции на земјава и регионот.

Вицепремиерот Османи посочи и на континуираната политичка и економска билатерална поддршка од страна на Словачка, која во овој период има особено значење за евроинтегративниот процес, во реализација на Европското движење на Северна Македонија со поддршка на УСАИД и Амбасадата на Република Словачка.скс/



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...