Ципрас: Ако сметаат дека Договорот од Преспа е предавнички, зошто толку ги интересира тој да се почитува

Атина, 19 јуни 2019 (МИА) – Од една страна во име на нивното партиско единство или за привлекување гласачи, не се колебаат да застанат до етнопопулизмот и да говорат за предавници и предавства во македонското прашање, а од друга страна велат дека ќе се погрижат да се почитува овој, според нив предавнички договор, рече грчкиот премиер Алексис Ципрас на синоќешниот партиски митинг на СИРИЗА во Атина, упатувајќи критики до неговите политички противници во однос на надворешната политика, јави дописничката на МИА од Атина.

Ципрас додаде дека неговите политички предавници се однесуваат на „неодговорен и кратковиден начин“ и ги праша зошто толку ги интересира почитувањето на договорот, ако го сметаат за предавнички.

– Од една страна говорат за предавници и предавства. Но, од друга страна овие денови, пред изборите, ни велат дека единственото што ќе го направат, ако бидат избрани е да се погрижат да се почитува, овој, меѓу другото за нив, предавнички договор. Но, ако навистина е предавнички, зошто толку ги интересира да се почитува? Хипокризијата во нејзината големина, рече Ципрас

Говорејќи за безбедноста и нејзиното значење во сите области од животот, грчкиот премиер и лидер на СИРИЗА на првиот предизборен митинг одржан синоќа во Атина, рече дека „безбедноста не е збор во рекламна кампања, туку е перспектива за сегашноста и иднината за сите Грци“. Се осврна и на безбедноста на самата Грција, оценувајќи дека безбедност се и сојузништвата што се градат со народите од Балканот и „пријателството и соработката со соседите од север за кои по Договорот од Преспа ние стануваме гаранти и за нивната безбедност, но и за нивниот европски тек“. ср/бак/



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...