Пендаровски – Кара: Продолжува силното и традиционално пријателство меѓу Скопје и Анкара

Скопје, 20 јуни 2019 (МИА) – Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска ја прими амбасадорката на Република Турција, Тулин Еркал Кара.

На средбата, двајцата соговорници разговарале за билатералните односи меѓу Република Северна Македонија и Република Турција, при што изразиле задоволство од силното и традиционално пријателство и од континуираниот позитивен тренд, како во политичките, така и во економските односи меѓу двете држави.

Претседателот Пендаровски, соопштија од неговиот кабинет, истакнал дека негувањето на стратешкото партнерство со Турција е од исклучително значење за Северна Македонија и изразил очекување за натамошно унапредување и зацврстување на соработката во сите области од взаемен интерес.

Потенцирал дека Северна Македонија високо ја цени и ја почитува континуираната помош од Турција на нашиот евроатлантски пат.

– Нашето членство во Северноатлантскиот сојуз позитивно ќе влијае врз натамошната регионална соработка и ќе придонесе за траен мир и стабилност на Балканот, заложби што заеднички ги споделуваат и Северна Македонија и Турција, порачал претседателот Пендаровски на средбата.

Амбасадорката Еркал Кара на претседателот Пендаровски му ги пренела честитките од турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, по повод стапувањето на функцијата и му посакала успех во работата, додавајќи дека Република Турција ќе продолжи да биде поддржувач на Република Северна Македонија. цр/са/



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...