Новите имиња за министри до крајот на неделата, по нив и на променетите директори

Скопје, 21 јуни 2019 (МИА) – Предлогот на премиерот Зоран Заев за новите министри од најавената влдина реконструкција треба до крајот на неделата да бидат доставени до Собранието, а предлогот да биде усвоен во наредната седмица.

Премиерот Заев завчера најави дека планира до денеска да ги достави предлозите за реконструкција на Владата, а дека Парламентот планира седница на почетокот на идната недела.

Владиниот портпарол Муамет Хоџа, вчера соопшти дека предлогот за промените во владиниот кабинет премиерот Заев треба да ги достави до крајот на оваа недела и дека во меѓувреме, премиерот ги продолжува консултациите со партиите од коалицијата.

– Очекуваме во почетокот на наредната недела, зависно од агендата на Парламентот, Предлогот за реконструкција да биде усвоен. Премиерот Заев ќе го достави до Собранието до крајот на оваа недела, рече Хоџа.

По изгласувањето во Парламентот, премиерот најави дека продолжуваат со промената на директорските места и да завршат со кадровските промени.

-Верувам дека до крајот на месецот СДСМ ќе ги донесе одлуките за избор на потпретседателите на партијата и мал дел на претседатели на општински организации кои останаа неизбрани, рече Заев кој посочи дека промените се неопходни.скс/са/



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...