Заев: Договорот со Бугарија е за пријателство и соработка, а не за проблеми и јавни препукувања

Скопје, 21 јуни 2019 (МИА) – Со Бугарија потпишавме договор за пријателство и соработка, а не за проблеми и јавни препукувања. Се договоривме дека заедничките моменти од минатото треба да нѐ спојуваат, а не да нѐ раздвојуваат, порача денеска преку својот Фејсбук профил премиерот Зоран Заев.

– Искуствата од историските комисии ширум светот и Европа покажуваат дека соработката бара време, труд, трпение, почит кон другиот и голема взаемна посветеност. Но, пред сѐ, потребна е заедничка идеја да одиме напред. Ние знаеме дека таа идеја е жива и сме покажале дека за најделикатните прашања може да се најде заеднички јазик, ако се сака. За да успееме треба заедно да зрееме. Пријателството мора да биде двострано и взаемно, наведува Заев по јавно искажаните забелешки на бугарски официјални преставници за работата на заедничката комисија за историски прашања.

Последната беше упатена вчера од бугарскиот премиер Бојо Борисов од маргините на Самитот на ЕУ во Брисел.

– Македонците треба уште да созреат за да добијат датум за почеток на преговори за приклучување на ЕУ. Тие треба уште многу работи да поправат. Не ме разбирајте погрешно, но сѐ додека се спори дали е Гоце Делчев Бугарин или Македонец – таа ситна тема за едни херои што всушност биле за Бугарија и за Македонија, за родниот крај, и најубавите наши песни се сврзани со нив. И постојано опозицијата ме прашува што прави Комисијата. Нека созреат, рече Борисов пред почетокот на седницата на Европскиот совет во Брисел.

Вели дека бугарската страна „направила се“ и оти сега треба маедонската страна во комисијата да направи компромис.са/скс/



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...