Одбиено барањето на Кочан за одложување на затворската казна

Основниот кривичен суд – Скопје го одби како неосновано барањето на Сеад Кочан за одложување на издржувањето на казната за случајот „Труст“ на Специјалното јавно обвинителство.



– Во однос на повеќе новинарски прашања доставени до Основниот кривичен суд – Скопје, во однос на предметот од обвинителството означен како „Труст“, ја информираме јавноста дека молбата за одлагање на извршувањето на санкцијата е одбиена како неоснована и истата е доставена до странките во постапката, се наведува во соопштението објавено на веб страницата на Основен кривичен суд – Скопје.

Бизнисменот Сеад Кочан на 17 јули треба да се јави на издржување на затворската казна за случајот „Труст“.

Првично Кочан од судот доби шест години затвор, бидејќи како управител на компанијата „Трансмет“ со лажни документи учествувал и добил тендери за ископ на јаглен и јаловина во РЕК „Битола“ на АД ЕЛЕМ вреден 17 милиони евра. Апелацискиот суд на првообвинетиот Кочан му ја намали казната на четири години.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот


- Тато, тато, каде се Алпите?
- Не знам сине. Прашај ја мајка ти, она чистеше вчера.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1469.- Кралицата Исабела од Кастиља се омажи за...
1685.- Францускиот крал Луј XVI го поништи...
1697.- Роден е италијанскиот сликар Џовани...
1859.- Во Париз е роден Анри Бергсон, француски...