Полицијата не знаела дека Манојловски е пратеник, вршеле проверка за извршено кривично дело

Полициски службеници од Полициската станица Ѓорче Петров вршеле проверка на возила на граѓани во врска со извршено кривично дело, а меѓу нив и возилото на пратеникот Горан Манојловски, без притоа да знаат дека станува збор за пратеник.



Вака го појаснија од МВР за МИА случајот со пратеникот од ВМРО – ДПМНЕ Горан Манојловски кој утрото бил запрен и неговото возило било претресено од страна на полицијата, по што тој одби да учествува на денешните седници на собраниските комисии, меѓу кои и на Комисијата за труд и социјална политика.

– По извршена проверка, на лицето му е дозволено да си оди без никакви проблеми, посочуваат од МВР.

Инаку, заменик претседателката на собраниската Комисија за труд и социјална политика Весна Пемова денеска ја прекина седницата поради немање кворум, откако пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Горан Манојлоски ја напушти седницата во знак на револт, како што кажа, поради инцидент што му се случил на пат кон Собранието.

Манојлоски рече дека утрово кога одел на работа кон Собранието на кружниот тек во скопската населба Ѓорче Петров бил запрен од страна на вооружени полицајци кои, како што посочи, и покрај тоа што им кажал дека е пратеник му рекле да излезе со цел да извршат претрес внатре во возилото.

Потенцира дека нема да се враќа на работа во собраниските комисии додека не добие официјално известување од страна на министерот за внатрешни работи или МВР во врска со настанот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...