Безбедносната состојба е стабилна, мирна и без индиции за нарушување

Безбедносната состојба е стабилна, мирна и нема никакви индиции за нарушување на целата територија на државата, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одговарајќи на новинарско прашање какви се безбедносните проценки по најавите од Ел Чека „дека е можно да се случи ново Куманово на сред Скопје“.



-МВР и сите други органи кои се надлежни за спроведување на законот си ги преземаат сите свои активности во однос на безбедносната состојба, истакна Спасовски кој утрово проследи дел од селекцијата на кандидатите за нови полициски службеници во Центарот за обука на МВР во Идризово.

Меѓу другото, тој информира дека во МВР постои посебен оддел што се занимава со компјутерски криминал, а веќе се подготвува заеднички со Министерството за одбрана и со Министерството за администрација и информатичко општество стратегија за сајбер безбедност, но тоа е тема која се развива не само кај нас и во регионот, туку генерално и во светот, затоа што досега недоволно се посветувало внимание на тие хибридни напади.

-Одделот за компјутерски криминал во МВР работи секојдневно и во делот на говорот на омраза и во делот на нападот на сајтови…Така што во тој дел се развива и технологијата, меѓутоа и нашите капацитети се јакнат, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...