Ахмети и Села ќе одат на лидерската средба, се чека потврда од Мицкоски

Премиерот Зоран Заев ја официјализираше поканата за лидерска средба, која како што предложи би се одржала во петок во Клубот на пратениците. Засега присуство е најавено од ДУИ и Алијансата за Албанците, додека ВМРО-ДПМНЕ остана на ставот дека доколку се одржува лидерска средба прва тема треба да бидат предвремени парламентарни избори, а потоа може да се зборува и за други теми, како пописот, изборен законик или закон за СЈО. Конечната одлука дали ќе одат на лидерската ќе ја донесе партиското раководство.



Сепак, Заев верува дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе присуствува на лидерската средба за која како теми ги предложи нов Изборен законик, закон за јавно обвинителство во кој би се регулирал и консензус за пописот. Во моментите кога премиерот Заев ја објави поканата за петочната лидерска средба во јавноста беше соопштено дека неотповиклива оставка поднела специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Оставката би била активирана само доколку биде донесен законот за јавно обвинителство. Специјалната јавна обвинителка, според информациите во јавноста, беше едно од несогласувањата на владејачките партии и опозицијата во разговорите за статусот на јавното обвинителство.

Премиерот Заев на прес-конференцијата кажа дека освен за темите кои ги најави на средбата може да се разговара и за други прашања кои би ги иницирале учесниците во разговорите, но вели, иако влаедајчката партија е подготвена за избори, предност во моментот треба да има евроинтеграцијата и развојот на државата и економијата.

На средбата, како што рече, очекува лидерите да се фокусираат на создавање услови за последниот исчекор за старт на преговорите и од неа да произлезат предлози за Акциски план и работни групи во кои би учествувале претставници од сите парламентарни групи со кои ќе има разговори.

Затворањето на овие теми, според него, ќе значи заокружување реформите во делот на европските интеграции со кои ќе се претставиме наесен како земја која ги затворила сите прашања за добивање на ветениот датум за старт на преговорите.– Никому да не му дадеме аргумент да биде против, да биде резервиран или слично, рече премиерот.

Заев останува на ставот дека треба да се оди на редовни избори, освен ако нема некои сериозни аргументи. Смета дека редовните избори би можеле да бидат поместени во октомври 2020 година за тие да не се одржуваат во зима. Ваков став минатата недела изнесе и Артан Груби од ДУИ, кој дури кажа и дека можни термини за избори би биле и крајот на мај или јуни.

– И ние сме подготвени за предвремени избори напролет, наесен или кога било, но пред се е одговорноста кон државата, секогаш сме стоеле на ставот дека да треба да и дадеме шанса на економијата по сериозни политички одлуки. Останувам на ставот дека треба да одиме на редовни избори. Брзи избори, предвремени избори видовме до каде ја донесоа државата заради политички калкулации. Ако одиме на избори оваа есен, ќе остане истата Влада од прилика со истите партиципиенти. Што ќе направиме овој драгоцен неповторлив период за македонската економија ќе го унаказиме, ќе го уништиме, рече Заев.

ВМРО-ДПМНЕ го повтори ставот дека доколку се одржува лидерска средба прва тема треба да бидат предвремени парламентарни избори. Потоа, како што изјави на прес-конференција портпаролот на партијата Димче Арсовски, може да се зборува и за други теми, како пописот, изборен законик или закон за СЈО, кои ги најави Заев.

-Во однос на лидерската средба веќе и претседателот Мицкоски се изјасни. Ние сме децидни дека на таа лидерска средба како прво и единствено прашање мора да се разговара како прва точка за предвремени парламентарни избори. Во однос на денот и времето и локацијата, дополнително ќе биде анализирано во органите на партијата и ќе биде одлучено согласно агендите на претседателот и временските можности, рече Арсовски одговарајќи на новинарско прашање.

Арсовски додаде и оти кај премиерот Зоран Заев и во неговото денешно обраќање можело да се види оти нема расположение за избори и дека тој едноставно бега од избори со самото тоа што кажал дека може да се разговара за Изборниот модел, меѓутоа да не бидат притисок предвремените парламентарни избори.

Поканата на премиерот вчера ја прифати претседателот на Алијансата за Албанците Зијадин Села. Од Кабинетот на Села наведуваат дека ќе учествуваат на средбата и оти ќе презентираат свои предлози и идеи за прашањата за кои ќе се дискутира.

-Добро е што премиерот почнал да ја чувствува вистинската сила на Алијансата за Албанците. Отсекогаш сме мислеле дека вакви лидерски средби треба почесто да се свикуваат кога станува збор за чувствителни државни прашања. Ќе ја прифатиме поканата и сигурно ќе учествуваме во неа со наши предлози и идеи за прашањата за кои ќе се дискутира, стои во информацијата испратена од Кабинетот на Села.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...