Врховен одлучи – Морина нема да биде екстрадиран во Србија

Врховниот суд на Република Северна Македонија денеска го потврди решението на Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје од 7 август годинава, кој одлучил дека не се исполнети законските претпоставки за екстрадиција во Србија на лицето Томор Морина, државјанин на Велика Британија и на Република Косово.

– Во образложението на решението е наведено дека лицето Т.М., чија што екстрадиција се бара, е државјанин на Р.К. и на В.Б., а не државјанин на Р.С., додека пак, кривичното дело за кое се бара екстрадиција на лицето е сторено на територија на Р.К., ставено под власт на Обединетите нации со резолуција на Советот за безбедност на Обединетите нации S/RES/1244 (1999) од 10.06.1999 година, независно од 2008 година, која независност е признаена и од страна на Република Северна Македонија. Поради тоа, согласно со одредбите од Законот за меѓународна соработка во кривичната материја и од Европската конвенција за екстрадиција со Првиот и Вториот Дополнителен протокол во врска со Законот за ратификација на Третиот дополнителен протокол на Европската конвенција за екстрадиција и Законот за ратификација на Договорот меѓу Република Македонија и Република Србија за екстрадиција, судот нашол дека не се исполнети законските претпоставки за екстрадиција на лицето Т.М., објавено е на веб страницата на Врховниот суд.

Врховниот суд во совет составен од судиите: Рахилка Стојковска – претседател на советот, Шпенд Деваја и Африм Фидани, членови на советот, со виш судски соработник, по извршениот увид во списите приложени кон предметот, решението на Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје КИОК-КС.бр.252/19 од 07.08.2019 година, а имајќи го предвид и мислењето на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, заклучи дека „решението е основано“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува човек во кафич и му вика на шанкерот:
- Дај ми две дупли вотки.
- Ти изгледа си имал многу тежок ден, а?
- Абе остај, открив дека постариот брат ми е педер.
Доаѓа...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден за стандардизација.
322 п.н.е.- Во храмот на боговите Посејдон, на...
1066.- Норманската инвазиска армија на војводата...
1322.- Војската на шкотскиот крал Роберт I силно...