Пендаровски: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ блиску до договор за законот за јавно обвинителство

Скопје, 23 септември 2019 (МИА) – Претседателот Стево Пендаровски смета дека работните групи на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ се многу блиску до договор за законот за јавно обвинителство ако има политичка волја.

Според Пендаровски, кој денеска е во посета на Штип, работата околу законот е исчистена и има уште две – три спорни прашања за кои двете партии имаат различно мислење.

Разликите за законот што се преостанати, вели Пендаровски, се толку мали што треба сите страни кои учествуваат да се надминат себе си и да најдат решение час поскоро во интерес на граѓаните.

Прашан дали е можно да свика нова лидерска средба за законот, шефот на државата рече дека одржува редовни контакти со сите лидери на политичките партии, но оти е многу битно да се види дали постои политича волја да се реши тој проблем.

– Ако нема политичка волја бесцелно е да ги собирам. И Свети Петар да ги собере нема да најде решение. Ако има волја не битно е кој ќе ги организира и каде ќе се сретнат, тие ќе најдат решение за половина час, изјави Пендаровски при денешната посета на Велес во рамки на проектот „Лице в лице“.

Нагласи дека недонесувањето на законот нема да биде пречка за очекуваната одлука во октомври за старт на преговорите со ЕУ.

– Ако не го донесеме тој закон нема да биде проблем за да добиеме датум за преговори во октомври. Со одлуката да се трансферираат предметите од СЈО во ЈОРСМ тој проблем е решен во овој период. Но се разбира многу е битно да имаме нов закон за јавно обвинителство со кој некогашната СЈО ќе биде и системско регулирано за да може да продолжи по предметите заради нас, заради државата. Битно е СЈО да биде дел од редовниот систем на обвинителството и во таа смисла апелирам до политичките лидери да се договорат што е можно побрзо, рече Пендаровски.дма/са/



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...