Димитров во Брисел во пресрет на одлуката за преговори

Министерот за надворешни работи Никола Димитров од денеска до 17 октомври ќе престојува во работна посета на Брисел кога се очекува Советот на ЕУ да донесе одлука за датум за почеток на пристапните преговори на нашата земја со ЕУ.



Како што соопшти МНР, во рамки на посетата шефот на дипломатијата ќе размени мислења со членовите на Комитетот за надворешна политика на Европскиот Парламент. Ова ќе биде прво обраќање на Димитров пред новиот состав на овој Комитет, по европските избори одржани во мај 2019 година.

-Министерот ќе ја искористи можноста пред европските пратеници уште еднаш да ги претстави постигнувањата на Северна Македонија и важноста од носење на одлуката за почеток на пристапните преговори со Европската Унија на претстојните состаноци на Советот на ЕУ и Европскиот Совет. Ќе се заблагодари за континуираната поддршка на ЕП на европската перспектива на земјата и ќе изрази очекување дека таа ќе продолжи и ќе се зајакне со актуелниот состав на Парламентот, стои во соопштението.

Министерот Димитров за време на посетата ќе оствари и поединечни средби со пратениците од Европскиот Парламент.

Во оваа клучна недела во која се очекува Советот да ја донесе одлуката за почеток на пристапните преговори, Димитров ќе се сретне и со дел од министрите кои ќе учествуваат на Советот за општи работи закажан за 15 октомври.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...