Владата ги прифаќа 7-те барања на „Марш за чист воздух“ и повторно ги поканува на средба

Владата соопшти дека ги прифаќа сите седум првични барања од организаторите на „Марш за чист воздух“ што тие ги поставија минатиот петок на протест како услов за да одат на средба со владини претставници.

Воедно, Владата очекува и дека прифаќањето на нивните барања ќе доведе до средба на која, како што се посочува во соопштението, заеднички ќе се обединат напорите на институциите и граѓанскиот сектор во однос на грижата за здравјето на граѓаните и животната средина.



Седумте итни барања што ги постави „Марш за чист воздух“ и кои Владата соопшти дека ги прифати се: Указ за итно носење ДУП за Вардариште; ЈО да отвори истрага за ОХИС и за палењето кабли во Скопје; да се усвојат измени на Законот за животна средина со кои се идентификуваат и уредува постапувањето со контаминирани подрачја; да се одземе концесијата на „Еуромакс“ за рудникот Иловица-Штука и да се одземе истечената концесија за експлоатација за рудникот Плавица.

Владата ги прифаќа и барањата да се стопира процедурата на усогласување на законите од областа на заштита на здравјето на луѓето, заштита на природни богатства, животна средина, заштита на културно наследство, заштита од природни и други непогоди, комунална хигиена со законот за прекршоци; да се поднесе веќе изготвената апликација за прогласување на Охридско Езеро и Студенчишко Блато како водно живеалиште од меѓународно значење до Рамсарскиот секретаријат.

Во однос на Указот за итно носење на ДУП СИ 09 Гази Баба за Вардариште, Владата информира дека тој е моментно на усогласување во Градот Скопје и се очекува да биде усвоен на наредната седница на Советот на градот. Потоа Министерството за транспорт и врски и Општина Гази Баба во најкраток можен рок ќе го разгледаат усогласениот ДУП и ќе биде усвоен најдоцна до крајот на годинава.

За барањето да се отвори истрага за ОХИС, Владата во информацијата наведува дека ги става на располагање сите доказни материјали кои се прибрани од институциите со кои раководи и го повикува ЈО да го слушне гласот на граѓаните и да отвори постапка за ОХИС и за палењето кабли во Скопје.

Во однос на барањето законски да се уреди постапувањето со контаминирани подрачја, посочува дека во новите предлог-измени на Законот за животна средина предвидени се два нови члена (член 28-а и 28-б) кои директно се однесуваат на управувањето со контаминираните подрачја, а се поврзани со барањето на „Марш за чист воздух “. Предлог-измените го покриваат начинот и методологијата за идентификација на контаминираните подрачја, видот и нивоата на опасни супстанции во медиумите на животната средина како показател за контаминацијата на одредено идентификувано подрачје, и даваат насоки за дефинирање планови за управување со контаминирано подрачје.

Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за животна средина е ставен на дневен ред на денешната, 130-та седница на Генералниот колегиум на Владата, по што ќе оди на разгледување и утврдување на седница на Влада во вторник (10 декември), а потоа и на усвојување во Собранието.

За барањето да биде поднесена веќе изготвената апликација за прогласување на Охридско Езеро и Студенчишко Блато како водно живеалиште од меѓународно значење до Рамсарскиот секретаријат, Владата наведува дека апликацијата ќе биде поднесена откако ќе бидат потпишани анексот на Студијата за валоризација за Студенчишко Блато и Договорот за Студија за ревалоризација на Охридското Езеро помеѓу ГЕФ, МЖСПП и УНЕП до крајот на 2019 година.

-Владата потсетува дека одлуката за одземање на концесијата на „Еуромакс“ за рудникот Иловица-Штука, како еден од условите што организаторите на „Марш за чист воздух“ за средба во Владата, е веќе донесена и по завршувањето на жалбената постапка која е во тек во Управниот суд, таа ќе стапи во сила, се наведува во соопштението.

Во однос на барањето за одземање на истечената концесија за експлоатација за рудникот Плавица, Владата информира дека се обврзува да ја донесе оваа одлука најдоцна до 17 декември 2019.

-Владата на Република Северна Македонија изразува надеж дека аргументите и информациите во ова соопштение во однос на условите на „Марш за чист воздух, ќе доведат до средба на која заеднички ќе се обединат напорите на институциите и граѓанскиот сектор во однос на грижата за здравјето на граѓаните и животната средина. Ова треба да биде само прв заеднички чекор. Владата смета дека со заеднички напори, треба да се работи и понатаму во исполнување и на останатите барања на граѓаните, како и исполнување на Планот за чист воздух, пишува во соопштението од Владата



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...