Мицкоски повика на протест од Обвинителството до Врховниот суд

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција ги повика утре на протест членовите на партијата и сите граѓани, кој ќе започне во 18 часот пред Обвинителството на кејот на реката Вардар до Врховниот суд.



-Протест на кој ќе порачаме дека одговорност мора да има за неправдите и дека Заев е виновен. Порака за чуварите на неправдите на Заев, ЈО и судството: оваа држава која почива на правдата на нашата борба за независност и слобода, на почитување на правото, мора да се спротивстави на ваквото брутално кршење на законите и Уставот. Тоа е наша обврска и наша должност но и наша задача, рече Мицкоски.

Побара одговорност од поранешниот премиер и лидер на СДСМ Зоран Заев по вчера објавената аудио снимка на која се слуша како Заев зборува за Законот за јавно обвинителство и Врховниот суд.

Според Мицкоски, Заев јавно ја признал автентичноста на аудио снимката. Тврди, вели тој, дека бил за тоа да се спасат случаите на СЈО, но оти никој не верува дека пред осумтемина пратеници тој би говорел и би ги убедувал колку е добро тие да одговараат за случаите, кои полека ги снемува.

-Суштински аудио материјалот покажува дека Заев е виновен за неправдата и тука се клучни три работи што се откриваат. Прво, имаме јавно признание дека Заев ја злоупотребил службената должност диктирајќи одлуки на Врховен суд. Второ, тој јавно признава дека се влечат случаите и дека таа негова стратегија ја знае и СЈО и Катица Јанева која била свесна за сето тоа и трето, шемата како да паднат случаите била јасна или закон за обвинителство или „трас – трас“ одлука на Врховен суд. Значи, освен премиер бил и судија и обвинител, рече Мицкоски на прес-конференција.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ обвини дека државното Обвинителство за сето ова молчи, како и сите други надлежни.

-Кога правда нема, нема ред, нема закон, има криминал. И ова не е единствениот случај Заев да е во незгодна ситуација или еден од ретките скандали за овој човек фатен како на лице место го крши законот, рече Мицкоски.

Голем број политички партии кои преговарале со ВМРО-ДПМНЕ, според Мицкоски, ги презентирале своите позиции и гледишта и во текот на оваа недлеа партијата ќе одговори на нивните позиции и гледишта.

-Коалицијата за обнова на Македонија е функционална преговараме со политичките партии што се дел од коалицијата, со оние кои сакаат да и пристапат на коалицијата, рече Мицкоски.

Имотот на ВМРО-ДПМНЕ е под хипотека, а обврските на време се сервисираат, рече лидерот на партијата Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за долгот на партијата, но и дали би прифатиле донации од Камчев или Мијалков на пример.

-Партијата има на нејзината веб – страница жиро сметка и секој граѓаниин што цени дека треба да ја подржи ВМРО може да ја финансира. Да, апсолутно од секој граѓанин… од секој… од Заев, Камчев, Мијалков, Никола Груевски, вие, кој било што цени и сака да помогне е добродојден, одговори Мицкоски.

Изборната кампања на партијата ќе биде финансирана од членарина, од донации, но и со комерцијален кредит што партијата ќе го подигне од некоја од банките.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...