Потврден 21 нов случај со Ковид 19, вкупно дијагностицирани 1.999

Институтот за јавно здравје денеска регистрира 17 оздравени пациенти и тоа во: Скопје-7, Куманово-2, Прилеп-2, Велес-2, Гостивар-1, Крива Паланка-1, Пехчево-1 и Берово-1. Во изминатото деноноќие не се регистрирани починати пациенти како последица на Ковид-19. Во последните 24 часа направени се 258 тестирања, а регистриран е 21 случај со Ковид-19 и тоа во: Скопје-12, Куманово-3, Штип-1, Тетово-5, соопшти Министерството за здравство.

Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата, како што се посочува, изнесува 1.999, бројката на оздравени пациенти е 1.439, на починати е 113, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 447. Последната дистрибуција по градови е:

• Скопје – 725, активни 204

• Куманово – 436, активни 35

• Дебар – 51,

• Штип-41, активни 6

• Прилеп –210, активни 46

• Тетово – 177, активни 82

• Струга – 75, активни 8

• Велес – 127, активни 41

• Битола –28, активни 7

• Охрид –23, активни 8

• Кавадарци – 5,

• Гостивар –21, активни 3

• Гевгелија – 4,

• Струмица – 3, активни 1

• Крива Паланка- 6,

• Радовиш – 4,

• Крушево – 3,

• Кочани – 31,

• Пробиштип – 2,

• Кичево – 2,

• Неготино -10, активни 3 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

• Демир Хисар – 1,

• Македонски Брод – 2,

• Пехчево- 3,

• Делчево-1,

• Валандово -1,

• Виница – 3, активни 1

• Кратово-2, активни 1

• Берово-1,

• Свети Николе-1, активни 1

Направени се 258 теста и тоа преку: ИЈЗ –193, Биотек -57, Систина со PCR метода -1 и МАНУ -7. Досега во земјата се направени вкупно 25.528 тестирања на Ковид -19.

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 13 теста се во рамките на скринингот. Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Велес, Кочани, Куманово и Скопје во градинки и геронтолошки установи и не се регистрирани позитивни случаи на Ковид-19.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 часа примени се тројца нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 54 пациенти од кои на кислородна поддршка се 20, а на механичка вентилација се тројца пациенти.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се пет нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 21 пациент. На респиратор се шест пациенти, a со потешка клиничка слика се уште шест пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани четворица пациенти, а на домашно лекување се следат уште четворица пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани седум пациенти, а на домашно лекување се следи еден пациент. На ифективните одделенија во Велес, Куманово, Прилеп и Охрид се хоспитализирани 41 пациент- позитивни и сомнителни на Ковид-19, стои во соопштението од Министерството за здравство.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...