Филипче: Кризата со коронавирусот повторно ескалираше насекаде на Балканот

Скопје, 6 јули 2020 (МИА) – Во изминатите десет дена кризата со коронавирусот повторно ескалираше насекаде на Балканот. Според официјалните податоци во Србија во последните седум дена се бележат по 300 случаи на ден, во Бугарија над 150, во БиХ над 170, Хрватска 86, Црна Гора 57, Албанија речиси 70 и во Косово над 100 случаи на ден, истакна денеска на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Тој посочи дека Светската здравствена организација информираше дека 60 проценти од случаите од 10 милиони пациенти ширум светот се регистрирани во јуни. Ова, појасни, значи дека насекаде има нов бран, кај нас дојде порано.

– Мислам дека многу рано го детектиравме, а сега се јавува во сите земји од нашето опкружување. Тоа е директна последица на попуштањето на рестриктивните мерки и на непочитување на мерките за лична заштита. Состојбата во светот потврдува дека првичните предвидувања на светските здравствени авторитети дека вирусот во текот на летото ќе исчезне практично не се остварија. Во последните денови светската статистика говори дека има пикови на новозаразени и починати и тоа е уште една потврда дека вирусот е тука, ќе остане очигледно подогло време, а ние мораме да бидеме подготвени, рече Филипче.

Мора да го подготвуваме здравствениот систем, да ги почитуваме мерките за лична заштита, да се навикнеме на новата реалност, што значи продолжување на сите активности, но со почитување на мерките за лична заштита, нагласи министерот и додаде дека мора да прифатиме дека оваа реалност можеби ќе трае и подолго од тиа што првично сите земји во светот го очекуваа. рп/сп/



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...