Лукаревска: Нудиме поголеми плати и пензии и шанса за младите да останат во државата

Скопје, 7 јули 2020 (МИА) – Носителката на кандидатската листа во Втората изборна единица на коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ, Сања Лукаревска синоќа на трибина во Ѓорче Петров порача дека на граѓаните им нудат европска перспектива и создаваат амбиент со кој сакаат да ги задржат младите да останат во државата.

Посочи дека ја развиваат економијата и парите ги враќаат кај граѓаните и во тој контекст истакна дека ДДВ во угостителството е намалено на 10 проценти, во занаетчиството од 18 на 5 проценти, а персоналниот данок за ИТ индустријата е нула до 2023 година.

– Нудиме поголеми плати и пензии, нудиме шанса на младите да останат дома. Во поранешното „Македонско село“ формираме „Старт-ап село“, можност младите да ги реализираат своите бизнис идеи, поврат на персонален данок за сите нововработени до 29 години во првите две години од работењето, ја продолжува мерката 3.000 денари месечен младински додаток во производството за вработени млади лица до 23 години со завршено најмалку средно образование, ќе донесеме закон за младинска гаранција со што ќе се институционализира оваа форма на поддршка на младите до вработување, ќе формираме фонд за стипендирање на млади луѓе за потребите на занаетчиството, рече Лукаревска.

Побара поддршка од граѓаните на 15 јули за да можат да го продолжат концептот „едно општество за сите“ и преговорите со Европската унија.

– Ќе се избориме со сите остатоци од режимот. Социјалдемократскиот сојуз гради мостови со соседите, сега тие се наши пријатели. Отпочнуваме преговори со Европската Унија, тоа ќе значи и реална финансиска поддршка со европски пари. Во земјава градиме едно општество за сите, зашто разликите се заедништво. Градиме праведно општество каде непристарсниот инспектор е професионален инспектор, каде непристрасниот судија е добар судија. На 15 јули ја бараме вашата поддршка зашто можеме уште повеќе и уште подобро, рече Лукаревска. бак/лв/



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...