ДИК: Одѕивот до 20:45 часот 50,86 проценти

До 20:45 часот на гласање на денешните парламентарни избори излегле 922.678 граѓани со право на глас, односно одѕивот е 50,86 проценти, објави вечерва Државната изборна комисија. Обработени се податоци од 3.466 од 3.480 гласачки места.



Според податоците што ги објави на прес-конференција претседателот на ДИК Оливер Дерковски, најголема излезност има во Четвртата изборна единица – 59,79 проценти, а најмала и понатаму останува Шестата изборна единица со 39,23 проценти. Тој рече дека очекуваат бројката да се зголеми за последните 15-20 минути.

Во Првата изборна единица излезноста е 52,17, во Втората е 47,97 проценти, во Третата 57,31 и во Петтата 50,16 проценти.

-Од општините каде што е поизразена излезноста е Првата изборна единица и тоа во Карпош 53,73 проценти, во Аеродром 51,84, во Кисела Вода 52,77, во Македонски Брод 70,09 проценти, во Сарај 52,02 проценти, во Сопиште 59,55 проценти, во Центар 52, 72 проценти и во Чаир 47,58 отсто, рече Дерковски.

Во Втората изборна единица, како што посочи, Арачиново има 47,21, Бутел 50,67, Гази Баба 50,69, Ѓорче Петров 51,91 проценти, Старо Нагоричане 53,64 и Шуто Оризари 33,58.

-Во Третата изборна единица каде што излезноста на цела изборна единица е 57,31 процент, во Берово има 63,3 проценти излезност, во Велес 53,08, во Делчево 58,67, во Штип има 56,65, во Петровец 55,15, во Крива Паланка 72,32 и во Илинден 52,44 проценти, информира претседателот на ДИК.

Во Четвртата изборна единица, како што истакна, во Богданци излезноста е 58,85 проценти, во Василево 58,07 проценти, во Гевгелија 69,25 отсто, во Демир Капија 69,47, во Кавадарци има излезност 62,53 проценти, во Прилеп 61,23 проценти, во Неготино 69,95 проценти, а во Струмица 57,15 проценти.

-Во Петта изборна единица во Битола излезноста е 56,57 проценти, во Дебар 40,28 проценти, во Кичево 51,58, во Крушево 70,21 процент, во Ресен 48,72 отсто, во Струга 42,92 и во Охрид 54,63 проценти, рече Дерковски.

Во Шестата изборна единица, како што нагласи Дерковски, во Тетово има излезност од 45,53 отсто, во Гостивар 37,9, во Брвеница 39,64, во Јергуновце 45,81 процент, делот од Кичево 37,25 што спаѓа во ИЕ 6 и Врапчиште 32,09 проценти.

– Сакам да им заблагодарам на сите граѓани за денешните избори, за денешниот изборен ден којшто помина би рекол во исклучително сложена ситуација во нашата држава, меѓутоа помина одлично со мали исклучоци коишто во текот на денот заедно со вас ги расправавме и можам само да им честитам за изразениот демократски капацитет којшто го покажаа во овој изборен ден, истакна претседателот на ДИК, Оливер Дерковски



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...