Османи: Ја постигнавме нашата цел, го доведовме ДУИ во позиција да го избере првиот премиер Албанец

Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи на првата прес-конференција по завршување на изборниот ден истакна дека нивната партија ја постигнала целта, бидејќи, според него, концептот за прв премиер Албанец добил поддршка од граѓаните.



– Од тоа што го знаеме ние сме убедени дека ја постигнавме нашата изборна цел, да го доведеме ДУИ во позиција да го избере првиот премиер Албанец. Ова е историски момент за Албанците и сите граѓани. Ја прифаќаме оваа одговорност и ќе работиме напорно за да ги исполниме нашите ветување. Ние ќе служиме на граѓаните и ќе изградиме подобра земја за сите нас, за Албанците за Македонците и за другите. Од утре по верификација очекуваме да започнат разговори за формирање на Владата и за таа цел ги покануваме сите албански партии да се приклучат на нашата кауза сега кога гласачките кутии се затворени ги повикуваме да ги оставиме зад себе своите изборни интереси и да се обединат за првиот премиер Албанец. Денеска очекуваме победа за ДУИ, но сега е време да се обединат сите за доброто на нашите деца и држава, да се движиме напред со првиот премиер Албанец, рече Османи.

На новинарско прашање за проценките, Османи изјави дека ќе бидат главен фактор за понатамошните процеси.

– Очекуваме да останеме клучен фактор во детерминирање на клучни чекори во државата, јавен повик до сите партии на Албанците да се обединиме кон концептот прв премиер Албанец за да направиме историја. Според кампањата и поддршката која ја добивме, очекувам голема изборна победа и концептот. Резултати допрвин доаѓаат но пред се сум тука да се заблагодарам на институциите и граѓаните, истакна Османи.

Според него очекувале помала излезност поради пандемијата и страв на граѓаните.

– Но, граѓаните покажаа волја и тоа да го направат на најдобар можен начин со почитување на сите мерки и процесот. Излезноста е слична по зони со претходните освен благо намалување во 2016 кога имаше рекордна излезност 67 проценти, истакна портпаролот на ДУИ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...